Ова е процентуално бројот на жители од Куманово кои излегле на гласање до 17 часот

 

Излезеноста во Куманово до 17 часот, според податоците на ОИК Куманово, изнесува 42,44 проценти, соопшти претседателот на ОИК, Звонимир Николовски.
 
Во Куманово право на глас на овие избори имаат 92.639 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места.
 
Во општина Липково, до 17 часот според податоците на заменик претседателот на ОИК, Оливера Цветковска  гласале 8.700  гласачи или 34, 7 проценти.
 
Во оваа општина право на глас имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 избирачки места.
 
Во општина Старо Нагоричане до 17 часот гласале 50,09 проценти. Вкупно во оваа општина право на глас имаат 3.428 гласачи кои гласаат на 37 избирачки места, соопшти  претседателот на ОИК, Драган Јовановски. 
 

 

 

15.10.2017 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега