Едвај ги раздвоиле: Во Тетово ќе се степале гласач и член на избирачки одбор

 

Од листата на помали инциденти кои ги регистрира МВР стигнува информација за обид за физичка пресметка помеѓу гласач и член на избирачки одбор на гласачкото место 2052 во село Горно Седларце, тетовско.

Лицето И.М. (71) дошол да гласа и откако ја приложил личната карта, С.С. (34), член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната карта, по што И.М. физички го нападнал. За инцидентот била известена полицијата, а И.М. бил приведен, известија од МВР.

 

 

 

15.10.2017 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега