ДИК со пресек до 17 часот: Излезноста 49% - во Скопје над 50%
До 17 часот на локалните избори гласале 49 проценти од запишаните гласачи на ниво на Република Македонија.
Според последните информации од последниот пресек до 17. часот, во Скопје излезноста била над 50 проценти, при што во Аеродром била 55 отсто, во Битола 49,9 отсто, во Ѓорче Петров 54 отсто, во Карпош 57 отсто, во Кисела Вода 53, додека во Битола излезноста до 17 часот била 50,3 отсто, во Велес 51,2 отсто, во Гостивар 40 отсто, во Кичево 48 отсто, во Струга 43 отсто, во Струмица 51 отсто…
На овие локални избори до 17. најголема излезност има во Вевчани од 72 проценти.
Од друга страна, според податоците на ДИК, најниска излезност има во Маврово и Ростуше од 31 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа