ДИК со детали за гласањето - еве колкава е излезноста во сите општини

 

Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Република Македонија според податоците што ги објави ДИК изнесува 49,14 проценти.

На територија на Град Скопје, како што информираше портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска,  излезноста е 50,58 проценти.

Највисока излезност на ниво на Македонија е во Вевчани 72,05 проценти, а највисока во Скопје е во Гази Баба 58,02 проценти. Најниска на ниво на Република Македонија е излезноста во општина Маврово-Ростуше со 31,19 проценти, а најниска на ниво на Скопје во Шуто Оризари 33,83.

Во однос на излезноста по општини, во Аеродром излезноста е 56,86 проценти, Арачиново 47,27 проценти, Берово 59,43 проценти, Битола 50,39 проценти,Богданци 58,48 проценти, Боговиње 34,27 проценти, Босилово 44,95 проценти, Брвеница 38,79 проценти, Бутел 49,59 проценти, Валандово 57,84 проценти, Василево 51,09 проценти, Вевчани 72,05 проценти, Велес 51,26 проценти, Виница 49,50 проценти, Врапчиште 33,85 процент, Гази Баба 58,02 проценти, Гевгелија 63,39 проценти, Ѓорче Петров 54,02 проценти, Гостивар 40,92 проценти, Градско 55,7 проценти, Дебар 39,89 проценти, Дебрца 57,09 проценти, Делчево 53  проценти, Демир Капија 71,18 проценти, Демир Хисар 66,04 проценти, Дојран 63,13 проценти, Долнени 46,49 проценти, Желино 32,16 процент, Зелениково 56,51 процент, Зрновци 51,33 проценти, Илинден 48,17 проценти, Јегуновце 39,1 процент, Кавадарци 60,24 проценти, Карбинци 60,7 проценти, Карпош 57,68 проценти, Кисела Вода 53,09 проценти, Кичево 48,97 проценти, Конче 63,83 проценти, Кочани 52,37 проценти, Кратово 60,77 проценти, Крива Паланка 65,74 проценти, Кривогаштани 59,1 проценти, Крушево 65,37 процент, Куманово 42,42 проценти, Липково 34,7 проценти, Лозово 67,79 процент, Маврово- Ростуше 31,19 проценти, Македонска Каменица 64,4 проценти, Македонски Брод 64,41 процент, Могила 50,52 проценти, Неготино 63,69 проценти, Новаци 64,01 проценти, Ново Село 42,01 процент, Охрид 52,95 проценти, Петровец 53,56 проценти, Пехчево 64,83 проценти, Пласница 45,27 проценти, Прилеп 59,63 проценти, Пробиштип 60,63 проценти, Радовиш 47,78 проценти, Ранковце 71,36 проценти, Ресен 45,92 проценти, Росоман 59,5 проценти, Сарај 41,51 процент, Свети Николе 59,19 проценти, Сопиште 59,77 проценти, Старо Нагоричане 50,09 проценти, Струга 43,51 процент, Струмица 51,13 проценти, Студеничани 44,83 проценти, Теарце 36,98 проценти, Тетово 39,28 проценти, Центар 56,11 проценти, Центар Жупа 31,6 проценти, Чаир 43,2 проценти, Чашка 53,53 проценти, Чешиново- Облешево 52,1 процент, Чучер- Сандево 52,37 проценти, Штип 57,1 процент и Шуто Оризари 33,83проценти.

Највисока излезност на ниво на Република Македонија имаме во Вевчани од 72,05 проценти, додека на ниво на Град Скопје највисока излезност има во Гази Баба 58,02 проценти.

Најниска е излезноста на ниво на Република Македонија во општина Маврово- Ростуше 31,19 проценти, додека на ниво на Град Скопје најниска е излезноста во Шуто Оризари со 33,83 проценти.

Одговорајќи на новинарски прашања, Гугучевска истакна дека сите прекини евидентирани на одредени гласачки места траеле помалку од еден час, што значи дека гласањето секаде би требало да заврши во 19 часот.

Засега, потврди портпаролот на ДИК, нема прекини на ниту едно гласачко место.

За сите детали околу евентуални недоследности во изборниот процес ДИК ќе соопшти на завршната прес-конференција.

Во однос на бројот на гласачки ливчиња, исто така, ќе се знае рече Гугучевска, по финалните заклучоци од избирачките места.

 

 

 

15.10.2017 - 18:34
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега