Во Скопје најмногу гласале во Гази Баба, најмалку во Шуто Оризари
Државната изборна комисија излезе со податоците за одѕивот на гласачите до 17 часот, кои покажаа дека интересот на овие избори е помал од претходните.
Притоа, според податоците на ДИК, на ниво на држава најголем одѕив бил регистриран во општина Вевчани, а најмал во општина Маврово Ростуше, каде што излегле само 31,17 отсто од регистрираните гласачи.
На ниво на град Скопје, според ДИК, најголем бил одѕивот во Гази Баба од 58,2 отсто, а најмал во општина Шуто Оризари од 33,83 отсто.
На ниво на државата, генерално, одѕивот до 17 часот беше 49,14 отсто, а на град Скопје 50,58 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа