Ангов во убедливо водство пред Стамов во Дојран
Според неофицијални, конечни резултати, кандидатот за градоначалник на општина Дојран, Анго Ангов од СДСМ со 1253 гласа води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стамов кој има 681, јавуваат од А1.он
Независниот кандидат Тони Ајцев има 79 гласа, Снежана Манева исто така независен кандидат 51 глас.
Во Советот, владејачката партија доби 5 членови, додека пак опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 4 члена.
Излезноста во оваа општина е 80 отсто.
15.10.2017 - 22:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа