Во Кичево разликата во корист на Дехари е еден спрема три
По прегледани 10.000 гласачки ливчиња, предноста на Фатмир Дехари од ДУИ во однос на својот противкандидат од ВМРО-ДПМЕ и коалицијата Влатко Сајкоски, е еден према три.
Во градот веќе се прославува победата, откако првиот човек на партијата неофицијално прогласи победа уште во првиот круг.
Се уште се чекаат официјалните резултати од ОИК, но според досегашните резултати, сосема е извесно оти Дехари и во наредните четири години ќе биде на чело на Општина Кичево. Што се однесува до Советот се уште нема целосни резултати.
15.10.2017 - 22:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа