Груевски: Изборите не се завршени, поминаа нефер и недемократски
ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која говореше лидерот Никола Груевски.
Тој се заблагодари на сите кои гласале и на активистите од партијата.
Според него првиот криг поминал во недемократска атмосфера, имало притисоци, убиства, закани, закани врз кандидатите, страв и заплашувања.
- Од многу страни добивме информации за обиди за поткуп, продолжи и црната кампања, а немаше и ден без кривична пријава, вели Груевски.
Според него имало индиции и за манипулации со гласачките ливчиња.
- За прв пат во историјата на Македонија полициски џипови кружеа со партиски симпатизери на СДСМ, а тоа доведе до победа или водство на СДСМ. Изборите не се завршени, а ние сме голема партија, вели Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа