ДИК досега одби шест приговори
Државната изборна комисија (ДИК) досега одби шест приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Уште три приговори почна да разгледува, но не се завршени. Се чека на пристигнување сведоци и изборен материјал.
- Сега разгледува уште еден, десетиот во моментов е во тек. Остануваат уште 32 приговора кои воопшто не се почнати да се разгледуваат, информира портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.
Според неа, од вкупно поднесени 46 приговори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повлекоа четири, три пред почетокот на седницата на ДИК и еден во текот на седницата.
19.10.2017 - 20:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа