ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС спроведе криминални избори

 

Владата на СДС спроведе криминални избори. Тоа им беше потребно за да владата на СДС и Зоран Заев продолжи да ја раскрчмува државната каса, и да ја ограбува државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие ги излажаа и изманипулираа граѓаните и го прекршија ветувањето кое што го даде во предизборието дека нема да ја задолжува државата. Владата на СДС се задолжи за над половина милијарда евра, односно неверојатни 540 милиони евра. За 5 месеци над половина милијарда евра. Ова е потврда дека владата на Зоран Заев е неспособна влада и не може да функционира без задолжување, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека неодговорната и неграѓанска влада на СДС наместо да ги покачува пензиите, да ги зголемува платите, да отвора нови работни места и да инвестира во инфраструктурата, таа ги крати, укинува и блокира сите проекти, а на сметка на недомаќинското работење ги задолжува граѓаните на Република Македонија.

-СДС не само што не ги покачи пензиите на пензионерите, туку секој пензионер го задолжи во просек од вртоглава сума за над 110.700 денари. Со ова СДС и Заев покажуваат дека не водат грижа дури ни за највозрасната категорија на граѓани. СДС безмислоно ја задолжува државата и идните генерации, без постоење на реален основ и без да каже на што и како се трошат парите. Државата оди во банкрот. Одговорноста за оваа кражба на државата ќе дојде и ќе има, велат од партијата.

 

 

 

20.10.2017 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега