Груевски: Ова што денес го прават нема да се заборави, а правдата ќе се врати!
Ако мислеа дека со фабрикувани избори и организиран изборен инжињеринг ќе не поразат, ќе не срозат, и ќе го поразат духот на македонците, им порачувам дека притаснале на копче кое само не активира да нашиот организам почне да работи со 120 осто капацитет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите, како и сите оние кои подлегнале на пропагандата, да ја видат суштината и големата слика и да се приклучат на ВМРО во оваа тешка битка.
-Битка која само заедно и обединети можеме да ја победиме. Ова не е битка на индивидуалци или лидери. Тоа е минлива категорија, ова е битка на еден народ за опстанок, за идентитетски и економски опстанок. Храброста, патриотизмот, љубовта, самопрегорот ги добиваш од раѓањето па се до формирањето на личноста и карактерот и на нив не влијаат никакви притисоци. Ние со нашиот карактер и нашиот слободарски дух сме се родиле и не ги менуваме по ни една цена. Нивната порив и ниска страст ќе помине. Ова што денес го прават нема да се заборави. Солзите на детето и жената кои го гледаат таткото и мажот како е тепан од разулавена толпа на глутница квазијунаци не ви ги забораваме. Скршените черепи ќе заздрават, ама нема да се заборават. Запалените возила и запалените куќи нема да ги избиршат нашите спомени и нашиот непокор, порача Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека одземените покачувања на пензиите ќе му се паметат, заканата за укинување на субвенциите за земјоделецот кој нема да има повисок принос од претходната година, се пораз на партијата на Заев.
-Намалената просечна плата, намалениот извоз, индустриско произвоство, девизни резерви, и севкупно економија, денес го загрижуваат и притискаат народот, но за некое време ќе нагазат на вашите плеќи, нема да се заборави. Лагите кои им ги пласиравте на младите ќе ви се вратат како бумеранг. Сликата како го спуштате македонското знаме, го кинете и поганите вечно ќе е во нашите глави. Вашите пораки за „Куманово да се деси“ и сладострастието во кое уживавте додека херои се збогуваа со најголемиот дар од Бога – животот, вечно ќе звонат во нашите уши. Нема да ви заборавиме што Делчев и Даме, Карев и Александров и Ченто и Кузман, ги правите дека не се бореле за Македонија. Тивкиот плач на таткото кој е скршен затоа што ослободувате убијци на деца ќе пишти во нашата душа. Тие пискотници, крикови, мрачни слики, ќе сведочат за едно мракобесие, и ќе бидат најдобар медиум кој ќе придонесе ова што го прават да не се заборави, и за некое време да се исправи неправдата. Кога неправдата е на сила, единствен одговор е непокорот. И стремежот правдата да се врати. И правдата ќе се врати. Колку и да погрешија, очигледно намерно испровоцирани од кршењето на уставот и законите, од кога се виде дека оваа власт спроведува селективна правда и ослободува најтешки криминалци и убијци, стана јасно дека веќе е бесмислено да се бара одговорност од луѓето кои борејки се за својата земја, поведени од емоциите направија погрешен чекор на 27-ми април. Тие немаат толку мастило за родољубивиот народ од 27 април да го запишат на темните страни на историјата. Не. Тој сентимент, таа емоција, таа на срамен начин испровоцирана реакција која за жал доведе и до неоправдливо насилство во еден дел, но во основа беше длабоко патриотска – не може да ја сквернавите. Македонскиот граѓанин кој чекореше по македонските улици 80 дена со патриотизам, со крената глава и исправена кичма, секогаш ќе биде на светлите страници на македонската историја и ќе сведочи за едно време во кое една генерација рекла НЕ, а тоа е траг кој не се брише, истакна Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа