Тарчуловски: Програмата на СДСМ во Кисела Вода е нереална

 

Јохан Тарчуловски кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода во дебатната емисија само вистина истакна дека очекува подобрување на изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори и пораст на неговата поддршка.

Според Тарчуловски програмата на СДСМ и Филип Темелковски за Кисела Вода е нереалната програма на СДСМ која нема конкретни датуми и рокови за спроведување на проектите како и финансиска анализа и ветува само она што граѓаните сакаат да го слушнат. Ветувањата и проектите кои за скопските општини ги има СДСМ се очекува да се изведат од градот Скопје и не се проекти на општините кои се под ингеренции на град Скопје додаде Тарчуловски.

Во фокусот на градоначалничкиот мандат на Јохан Тарчуловски ќе бидат странските инвестиции кои благодарение на позитивната политика која претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја имаше кон инвеститорите ќе продолжат со своите инвестиции во општините во кои градоначалник ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како дел од проектите кои се многу важни за граѓаните на општина Кисела Вода ги напомена реконструкцијата на атмосферската канализација во населба Црниче за која се одвоени веќе пари од буџетот на општината, како и реконструкција на главната улица во населба Драчево.

Во однос на црната кампања која се водеше во изминатиот период против него потенцираше дека како човек кој се борел за својата држава бил испратен од владата на СДСМ во меѓународниот суд во Хаг, а за време на својот престој таму добивал помош од државата. Тој додаде дека сите затвореници во судот во Хаг добивале помош од своите матични држави, а конкретно одлуката на владата за давање парична помош на фамилијата Тарчуловски е одобрена од влада предводена од СДСМ. Љубе Бошковски исто така добивал помош од државата, но конкретно неговиот случај бил искористен во политички цели и го обвини својот против кандидат за водење на нечовечка кампања.

 

 

 

26.10.2017 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега