Костовски: Можат да заплашуваат, но нема да не исплашат
Во првиот круг од локалните избори, од страна на СДСМ имаше притисоци, закани и нерегуларности, но сметам дека во вториот круг тоа нема да влијае врз граѓаните на општина Бутел и токму заради тоа сметам дека предноста е на ВМРО-ДПМНЕ и мене како кандидат, истакна Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел.
Во „Алфаскоп“ на телевизија Алфа, Костовски ги коментираше насилните настани за кои МВР е должно да реагира, но тоа не го прави.
-Генерално во однос на првиот круг и денот на гласањето, не само што МВР требаше по закон да ги спречи овие нерегуларности туку во одредени делови беше и соучесник. Се забележуваше движење на полициски возила заедно со членови од СДСМ и тоа не беше случај само во Бутел. Тоа беше една генерална слика на територијата на Македонија. Јас сум веќе сигурен дека тоа не би требало да се случува во вториот круг заради тоа што ова ги правеше изборите да бидат афрички.Пред да дојдам во емисијава имав повик од претставник на ОБСЕ и побара да се видиме и да разговараме во текот на денот токму заради тие индиции дека има одредени нерегуларности затоа што ги следат медиумите во однос на снимката каде СДСМ слави со пукање. Секако дека ќе се видам со него и ќе искажам секаде каде што има сериозни моменти дека може да има одреден притисок и нерегуларности. Таа снимка беше срам за Бутел. Никогаш до сега се нема случено на територија на Бутел да се прославува политичка, па и било каква победа со истрели од огнено оружје. Тоа беше нанесување на дополнителен страв кај луѓето, рече Костовски.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот тим овие две недели работеле на охрабрување на поддржувачите на партијата.
-Можат да заплашуваат, но нема да не исплашат. Тоа што беше симптоматично за инцидентот беше што се случи пред штаб на СДСМ и во ТВ дуел дури и му посочив на кандидатот на СДСМ дали знае каде се случило тоа, тој забележа на фотографијата, точно лоцираше каде е тоа. Најпрво рече дека не ги познава лицата, потоа рече дека ги познава.Секако дека МВР по службена должност треба да ги гони оние кои што пукаат со огнено оружје. Тоа не е ништо случајно, тоа не беше изолиран инцидент на некој кому му текнало да слави туку беше намерно затоа што знаеја дека се оди во втор круг и заплашувањата сакаа да почнат веднаш од другиот ден. Меѓутоа она што ми е многу битно е дека сигурен сум, јас чувствувам дека охрабрувањето е многу поголемо во однос на првиот круг, порача Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа