Трајковски: Со гласање за број 13 ќе изберете реализација на 470 нови проекти
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба и актуелен градоначалник, Тони Трајковски, ги повика сограѓаните од неговата општина во недела масовно да излезат на гласање.
Тој им порача дека со заокружување на бројот 13 ќе изберат реализација на 470 нови проекти и ќе се спротивстават на заканите и притисоците од страна на СДСМ.
-Изминатиов период работевме заедно и заедно реализиравме голем број на проекти. Заеднички дефиниравме повеќе од 470 нови проекти за секоја населба и секое населено место. Гаранција дека овие проекти ќе бидат реализирани е досегашната наша успешна соработка и мнозинството од советот кој во иднина ќе биде предводен од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. Затоа, почитувани сограѓани, ве повикувам во недела да се заокружи бројот 13, да се излезе масовно и референдумски, да се одолее на сите закани и притисоци. Сите заедно да кажеме „Доста е со лагите и доста е со разнебитување на Република Македонија“. Заеднички да продолжиме да ја градиме иднината на нашата општина со домаќинско, чесно и одговорно работење, порача Трајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа