За скоро 30% намален бројот на одобренија за градење во февруари

 

Во февруари 2025 година се издадени 272 одобренија за градење, што е за 29.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 901 041 илјада денари, што е за 44.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (50.4%) се наменети за објекти од високоградба, 73 (26.8%) за објекти од нискоградба и 62 (22.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 272 објекти, на 122 (44.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (55.1%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 635 станови, со вкупна корисна површина од  51 075 м2.

11.04.2025 - 20:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега