МОСТ: Вториот круг од изборите се спроведе во фер и демократска атмосфера
Гласањето и во вториот круг од Локалните избори се спроведе во фер и демократска атмосфера, а граѓаните слободно можеа да го дадат својот глас, е прелеминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ, резултат на извештаите и информациите добиени од нивните набљудувачи.
Дарко Алексов од МОСТ на денешната прес-конференција истакна дека во текот на денот набљудувачите најчесто јавувале за случаи на групно или семејно гласање и фотографирање на гласачките ливчиња, но како што рече, фрекфенцијата на сите видови забележани неправилности била намалена споредено со првиот изборен круг.
Од МОСТ посочуваат дека и во вториот круг имало брза и ефикасна реакција на институциите во текот на гласањето во однос на забележаните неправилности во и надвор од гласачките места, како и отстранување на техничките предизвици при спроведувањето на гласањето кои биле забележани во првиот круг.
Од МОСТ посочуваат и дека гласањето на болните и немоќни лица ден пред изборите на местата каде имала свои набљудувачи генерално било спроведено во согласност со процедурите, а гласањето на лицата во затвор било спроведено со истиот проблем како и во првиот круг односно поголем број лица неможеле да се најдат во Избирачкиот список.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа