Партиите не доставиле приговори до ДИК, комисијата ќе ги почитува роковите
Тече рокот во кој партиите можат да поднесат приговори за изборниот резултат од вториот круг на локалните избори. Можат да се поднесат приговори на постапката за гласање како и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Од Државната изборна комисија велат дека крајниот рок во кој политичките партии можат да реагираат за проблеми на избирачките места кои ги регистрирал нивниот претставник истекува во средна рано натуро.
По приемот на решението, Партиите имаат рок од 24 часа да подготват и достават тужба до управниот суд. Тој пак има период од 48 часа да одлучи дали ќе ги потврди или одбие жалбите поднесени од партиите кои се однесуваат на одлуката на ДИК.
Инаку вчера до ДИК пристигнале и четири приговори од граѓани на кои има било нарушено избирачкото право. Нив ги немало во избирачкиот список.
Од државната изборна комисија велат дека конечните резултати од вториот круг на гласање ќе ги објават по истекот на законските рокови во кои партиите можат да ги искористат законските решенија за оспорување на изборниот резултат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа