Трагедија во Москва: Тинејџер од шести кат паднал врз аргентински навивачи
Трагедија се случила вчера во Москва на третиот ден од СП, кога тинејџер паднал од балкон на зграда од шестиот кат по што загинал на лице место. Како што јавија руските медиуми, највесројатно станува збор за момче од Исланд кое при падот повредил двајца аргентински навивачи кои се здобиле со полесни повреди.
Несреќниот тинејџер починал на лице место, а засега се работи и на откривање на причините за падот. Инаку, навивачите кои во тоа време се наоѓале на улица биле шокирани откако врз нив паднало младото момче. Несреќата се случила кратко по натпреварот Аргентина – Исланд кој заврши со резултат 1-1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа