Апасиев: Фала ви, конечно ќе се дознае вистината за загаденоста

 
Лидерот на Левица и претседателот на собраниската Анкетна комисија, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи изрази бладораност за поддршката која ја даде СДСМ, а потоа и ВМРО-ДПМНЕ по однос на денес поднесената иницијатива за надзорна расправа во врска со аерозагадувањето:
 
„Прва надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието и тоа во комисијата со која претседавам! Левица продолжува да прави преседани, ама позитивни.
 
Благодарност до сите кои ја прифатија нашата иницијатива. Конечно, ќе се дознае вистината за загаденоста и ќе се понесе политичка одговорност и мерки за надминување на труењето од кое сите патиме!” - напиша пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.
30.01.2025 - 19:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега