ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири, но и против српскиот селектор

 

ФИФА соопшти дека покренала истрага за швајцарските репрезентативци Џердан Шаќири и Гранит Џака, но и за српскиот селектор, Младен Крстајиќ.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелеци на голoвите за Швајцарија беа Џака и Шаќири.

Швајцарските фудбалери, кои имаат албанско потекло, на головите и на победата се радуваа гестикулирајќи орел како симбол на албанското знаме, а многумина особено од српската страна тоа го сфаќaат како политичка провокација.

ФИФА соопшти дека ќе отвори истрага и против Фудбалската федерација на Србија за проблемите со српските навивачи кои извикувале политички и навредливи пораки, но и против српскиот селектор, Младен Крстајиќ, за изјавите по натпреварот.

Од ФИФА не наведуваат точно за кои изјави на Крстајиќ станува збор. 

 

 

 

24.06.2018 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега