Од полноќ историско намалување на цената на горивата во Македонија

 

Движењето на цените на суровата нафта на светските берзи најавуваат историско намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон во петокот достигна најниска цена во последните неколку месеци спуштајќи се под границата од 60 долари. Таа цена е за повеќе од 12 долари по барел пониска од оние 72 долари по кои нафтата се тргуваше пред 2 недели и која беше просечна цена врз основа на која, Регулаторната комисија за енергетика тогаш донесе одлука за намалување на цената на горивата и до 4 денари по литар.
Ваквиот развој најавува ново, веројатно и поголемо намалување на цените.
Во моментов 95 октанскиот супер чини 67 денари, 98 октанскиот 69, а дизелот 64,5 денари за еден литар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2018 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега