Укинати визите за македонските граѓани за Колумбија

 
 
Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.
 

– Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес, напиша Боцевски на својот Фејсбук профил.

Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Боцевски додава дека безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега, наведува, соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега