Густа магла го покри Скопје - откажани дел од летовите

 

 

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром повторно се одвива отежнато. Дел од летовите се откажани, а дел од оние што се треба да се реализираат, се очекува дека ќе доцнат.

Според веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата и слетувањата за и од Истанбул и Атина, додека летот од Доха на „Катар ервејс“ е пренасочен за Софија. Најавено е доцнење на летовите од Виена.

Утринава до 8 часот беа реализирани сите планирани полетувања и слетувања на скопскиот аеродром. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега