Тажни моменти во семејството на фудбалерот: Мајката на Роналдо се бори за својот живот
Откако почина таткото на Георгина Родригез, светската јавност ја потресе нова вест која ја објавија сите светски медиуми.
Имено мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро откри дека се бори со нејзиниот живот откако повторно и се врати тешката болест.
Станува збор за рак на дојката, а во 2009-та година Роналдо вложил повеќе од 100 илјади евра за да се изгради центар за лекување против рак во болницата во која прв пат и бил спасен животот на неговата мајка.
Кристијано секогаш ќе им биде благодарен на докторите и сестрите кои и го спасиле животот на неговата мајка и во знак на почитување кон нив изгради центар, изјави тогаш еден близок пријател на фудбалерот.
64 годишната Долорес прв пат ракот и е дијагностициран во 2007-та година и тогаш е оперирана на десната града.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа