Од вторник нови банкноти од 100 и 200 евра
Европската централна банка во Франкфурт го претстави новиот изглед на банкнотите од 100 и 200 евра, кои ќе бидат во оптек од 28 мај. Станува збор за серија банкноти наречени „европа“. На банкнотите доминираат карактеристиките на Европа, прекрасната феникиска принцеза и божица по која Стариот континент го добил името.
Како безбедносна мерка на банкнотите ќе биде мал симбол на еврото (€) со цел да се намали или целосно да се спречи фалсификувањето на единствената европска валута.
Со новиот систем на заштита банкарите и трговците треба релативно лесно да ги препознаат фалсификуваните примероци, а покрај новиот дизајн, банкнотите се многу поквалитетно изработени од оние од првата серија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа