РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата
Регулаторна комисија за енергетика ги одреди новите цени на горивата.
Според новата методологија „Еуро Супер 95“ и „Еуро Супер 98“ ќе се продаваат по цена од 71, односно 73 денари по литар, додека литар дизел ќе чини 64 денари.
Од денеска престана времената либерализација на самите трговци која настана поради непотпишувањето на измените во Законот за енергетика .
Според новиот начин на пресметка малопродажната маржа од сегашните 3,2 е зголемена на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува и до 6,5 денари за литар. Трошокот за транспорт пак во цената влегува со 0,75 денари за литар.
Ценовникот ќе важи во следните седум дена. Регулаторите оттсега, максималните малопродажните цени ќе ги одредуваат секој понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа