Плата 35.000 денари - Вработете се во Министерство за финансии

Министерството за финансии објавува оглас за вработување и тоа:
I. На определено време, до истекот на мандатот на министерот за финансии, 1 (едно) лице на следново работно место:
1. Посебен советник за макроекономска политика - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен економски науки;
најмалку 5 години работно искуство во струката;
најмалку 3 години работа во меѓународни организации на стратешко планирање и економска проблематика;
искуство во изготвување на извештаи и анализи;
познавање англиски јазик;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата - 35. 679, 00 денари.
Заинтересираните кандидати треба да достават докази за исполнување на условите што се бараат за работното место на кое аплицираат, односно: кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса; фотокопија од доказ за завршено образование кое се бара за работното место; извод од ПИОМ за доказ на бараното работно искуство (период евидентиран во агенција за вработување како работен стаж); фотокопија од доказ за познавање англиски јазик; фотокопија од уверение за државјанство.
Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:
Миниетерство за финансии
ул. „Даме Груев" бр. 12, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за кработување"
На ковертот да се наведе бројот на огласот, со напомена: „Не отворај"
Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат.
Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледана.
По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерството за финансии.
Министерството за финансии ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа