УЈП го продолжи рокот - Важна вест за даночните пријави
Управата за јавни приходи попладнево соопшти дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава и во текот на викендов.
– Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, наведува УЈП во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа