Рокот истекува денеска: УЈП со важно потсетување

 

Граѓаните уште денеска ќе можат да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава. Веќе од понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни пријави.

Од Управата за јавни приходи вчера информираа дека потврдувањето и корегирањето може да се направи и за време на викендот бидејќи крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден.

–  Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат/коригираат Претпополнетата Годишна даночна пријава во текот на викендот (на 01 и 02.06.2019 година). Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, појаснија од УЈП. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2019 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега