Најскапата Патарина од следната недела во употреба во Македонија - Чини 100 денари
Со одлука на Владата, од следната недела и официјално ќе биде пуштена во употреба и првата од двете патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица. Патарината ќе чини 100 денари и со тоа ќе биде најскапата патарина во земјава, пренесе Алсат.
За втората патарина на истиот овој автопат која треба да почне со наплата следната година, ќе треба да издвоите 80 денари.
Пресметано за целиот пат од Табановце до граничниот премин Богородица, ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.
05.06.2019 - 14:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа