Заев: Со оваа Влада има историски најголем пад на невработеноста

 

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук и соопшти дека со Владата на СДСМ имало историски најголем пад на невработеноста.

- Денес Државниот завод за статистика соопшти дека невработеноста во првиот квартал од 2019 е 17,8%. Од почетокот на новата Влада, ова значи намалување на невработеноста од 4,8% за две години. Тоа се 49.522 нови работни места. Имаме нов историски најголем пад на невработеноста, напиша Заев.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега