Просечната плата во Македонија се зголеми за 195 денари
Државниот завод за статистика бележи зголемување на просечната исплатената нето и бруто плата во април годинава во однос со истиот период лани.
Според денеска објавените податоци, просечната исплатена нето плата по вработен во април изнесувала 24.785 денари и таа е за 3,5 проценти повисока во однос на истиот период лани, додека бруто платата изнесувала 36.796 денари и кај неа има зголемување од 4,8 проценти.
Зголемувањето се должи на покачувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита, Транспорт и складирање и Административни и помошни услужни дејности.
Во однос на март годинава, зголемување на платата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Транспорт и складирање
Во споредба со минатиот месец, март, просечната плата се зголемила за 195 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа