Нова цена на горивата по викендот
Цените на нафтените деривати неделава се зголемија од еден денар до денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на седница.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголеми за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.
Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот ќе биде 34,849 ден/кг.
Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.
Нова цена не очекува во понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа