Поскапе бензинот - Ова се новите цени на горивата
Регулаторна Комисија за Енергетика вчера стандардно како и секој понеделник донесе одлука за промена на цените на бензинот и дизелот во Македонија.
Бензинот поскапува половина денар, а дизелот се намалува за истиот износ или половина денар и веќе од полноќ почна да се продава по овие цени.
Еуросупер БС 95 е сега 69 денари, додека Еуросупер БС 98 71 денари за литар, а од друга страна Дизелот се продава за 61 денари по литар.
Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар.
09.07.2019 - 18:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа