Каков имот пријавил Адеми кој рече дека дивоградбите во Охрид се бројат на прсти

 

Едмонд Адеми периодов е актуелен во јавноста поради дивоградбите во Охрид, и последното интервју викендов за РСЕ во кое рече дека се броеле на прсти.

- На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Најголем дел од 409 градби не се сите цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во интервју на Радио Слободна Европа.

ЕМагазин пренесува што пријавил во имотниот лист.

Нема недвижен имот на свое име, а како заеднички имот пријавил предговор за купување недвижен имот, но не навел за што станува збор.

Има Тојота Корола и лизинг, а на име на сопругата пријавил штедна книшка и основачки капитал од 5.000 евра за консалтинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега