Полнете резервоари: Поскапуваат бензинот и дизелот

 

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.  Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,35 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега