Анѓушев: ЕБОР е значаен финансиски партнер на земјата
Вицепремиерот Анѓушев, информираат од неговиот кабинет, му го честиташе преземањето на функцијата на Аранитаси и порача дека очекува соработката помеѓу Македонија и ЕБОР да продолжи да се одвива со воспоставената динамика, пред се за обезбедување на развојот на економијата и обезбедување на подобар живот за граѓаните.
Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата и ЕБОР, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти. Анѓушев подвлече дека поддршката од банката е значајна за реализација на енергетските проекти за подигнување на нивото на производство на електрична енергија од обновливи извори, стабилноста на електроенергетскиот систем, но и за изградба на експресните патишта Крива Паланка-граница со Бугарија и Штип-Радовиш, изградбата на железницата кон Бугарија и други проекти кои се изведуваат во соработка со банката.
Соговорниците се согласија дека соработката ќе продолжи со интензивна динамика, во насока на унапредување на поврзанoста во земјата и со соседните земји, во поглед на патна, железничка и енергетска инфраструктура, како и за унапредување на условите за водење на бизнис и обезбедеување на финансиски средства, особено за микро, малите и средните претпријатија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа