Анѓушев: Да извезуваме производи а не луѓе од државата

 

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со премиерот Зоран Заев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски, го означи стартот на изградбата на новата фабрика на компанијата „Балканлар Пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1.

Анѓушев подвлече дека производствениот погон на „Балканлар Пластик“ е еден од триесетината инвестициски проекти кои во моментов се реализираат во Република Северна Македонија, а преку кои се реализираат плановите на Владата за силна индустријализација на земјата и се креираат услови за побрз и одржлив раст на економијата.

 - „Република Турција е еден од најдобрите економски партнери на Република Северна Македонија, минатата година од оваа земја забалежани се директни инвестиции во вредност од 36,2 милиони евра, а само во првиот квартал на 2019 година, забележани се инвестиции од Турција во вредност од 16,3 милиони евра. Тоа значи дека инвестициите од Турција покажуваат тенденција на раст, со што очекуваме директните инвестиции од Република Турција оваа година да ги надминат ланските вредности. Инвестицијата на „Балканлар Пластик“ се очекува да биде околу 7 милиони евра, каде ќе се вработат околу 300 лица, а важно е што имаат планови да се развиваат и понатаму и да го шират производството во нашата земја. Владата ќе ги поддржува сите инвеститори, странски и домашни, да реализираат нови инвестции, затоа што само преку индустријализација на државата може да обезбедиме одржлив раст на економијата на подолг рок. Да извезуваме производи, а не луѓе од државата“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега