Поевтинуваат бензините и дизелот- Регулаторна ги соопшти новите цени
Регулаторната комисија за енергетика штотуку ги објави новите цени на горивата.
Бензините од полноќ поевтинуваат за 1 денар, а дизелот и екстра лесното гориво за половина денар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,914 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 34,167 денар.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа