Полнете резервоари - РКЕ ги соопшти новите цени на горивата кои важат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ
Бензините од полноќ поевтинуваат за 1 денар, а дизелот и екстра лесното гориво за половина денар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,914 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 34,167 денар.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа