Стурнарас: Грција е излезена од зоната на банкротот

 

Грција е излезена од зоната на банкротот и го надмина ризикот од напуштање на еврозоната, изјави грчкиот министер за финасии Јанис Стурнарас.

Објаснувајќи дека знае како е да се живее со 500 евра месечно, тој нагласи дека нов заем за Грција не означува нова кредитна спогодба, додавајќи дека конкурентноспособноста на земјата се подобрила за 25 отсто најмногу поради растот на извозот.

 Знам како се живее со 500 евра месечно, имам роднини, кои живеат со многу помалку пари, мајка ми, родителите на мојата сопруга, така што многу добро знам што значи тоа, истакна министерот, додавајќи дека очекувањата почнуваат да се стабилизираат.

08.10.2013 - 12:17

најчитано сега