Анѓушев: Само последниов месец капиталните инвестиции пораснаа за 10 отсто
Не е точно дека капиталните инвестиции се реализирани само 20 отсто во провто полугодие од годината, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката за акумулатори „ТАБ МАК“ во Пробиштип, Анѓушев напомена дека очекува до крајот на годината капиталните инвестиции да имаат добра реализација и да бидат барем во просекот од последните 10-15 години.
– Ние сме на нив посветени, тендерските постапки се во еден добар дел завршени. Очекувам во следниот дел од годината интензивно да се реализираат, истакна Анѓушев, според кој, само последниов месец капиталните инвестиции пораснале за 10 отсто.
Вицепремиерот ја посети „ТАБ МАК“ заедно со премиерот Зоран Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа