Заев: Политиките даваат резултат, скок од 25. места на Глобалниот иновациски индекс
Северна Македонија има сериозен напредок од 25 места нагоре на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година. Се наоѓаме на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година. Ова го напиша премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук.
- Глобалниот иновациски индекс ги рангира светски економии преку политичката и бизнис клима, законодавството, човечкиот капитал, инфраструктурата, софистицираноста на пазарот и др. Во однос на бизнис климата, Северна Македонија е рангирана на 27-мо место, а во однос на онлајн креативноста на 45-то место од вкупно 129 рангирани земји. Ова е уште еден доказ дека економските политики на Владата ги даваат резултатите, а иновативноста е моторот што ја движи економијата напред, напиша Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа