Нова цена на горивата во Македонија

 

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ.

Бензините минатата недела поевтинија за 1 денар, а дизелот и екстра лесното гориво за половина денар. 

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.

.

Останува да видиме дали не чека ново поскапување или пак намалување на цените денеска напладне.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2019 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега