Романија и Литванија ја поддржуваат Албанја за патот кон ЕУ
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека неговите колеги од Литванија и Романија, Линас Линкевичиус и Титус Корлатеан, кои престојуваат во официјална посета на Тирана ја гарантираат поддршката на Албанја на патот за интеграција во ЕУ.
На оддржаната прес-конференција Бушати, Линкевичиус и Корлатеан го искажаа заедничкиот став дека Албанија постигнала напредок и убедени се дека земјата ќе добие кандидатски статус во текот на оваа година.
Министерите упатија апел за дијалог и соработка меѓу политичките партии, со цел земјата да оди напред во правец на ЕУ.
Нивниот домаќин, Бушати, нагласи дека албанската Влада ќе ги консолидира досегашните постигнувања и ќе ги исполни нереализираните реформи. Тој нагласи дека новата Влада е ангажирана да биде достоен партнер на Романија и Литванија во програмите за соработка.
- Регионалната сработка го помага и го забрзува интегрирањето во ЕУ. Имавме отворен разговор и се заблагодарувам на двајцата мои колеги за помошта што и ја даваат за Албанија, изјави Бушати.
Шефовите на дипломатиите на Литванија и на Романија имаа средба и со албанскиот премоиер Еди Рама, кој при тоа ја нагласил определбата на Владата да ја води земјата кон европската интеграција.
- Визија и приоритет на надворешната политика на Албанија е „нула проблеми со соседите“, изјави Рама.