РКЕ вчера донесе долука: Цените на горивата во Македонија
Нема промена на цените на горивата во Македонија. Ова е одлуката која Регулаторната Комисија за енергетика ја донесе вчера една недела по последната промена на цените на горивата.
Ценовниците остануваат како и минатата недела, па така Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.
Цената на дизелот останува 61,50 ден.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали минатата недела за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.
.
Следната корекција на цените е по продолжениот викенд во понеделник.
30.07.2019 - 08:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа