Заев: Земјоделци со здравје користете ја картичката за зелена нафта
Започна мерката за зелена нафта, со која се опфаќаат 55.000 земјоделци. Најголемиот трошок во земјоделството отпаѓа на нафтата, па затоа ја воведовме мерката за зелена нафта, која предвидува државата да покрива 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. Ова го напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев денеска.
- Им посакувам на земјоделците со здравје да ја користат картичката за зелена нафта и да го зголемувате квалитетното македонско земјоделско производство!, вели тој.
31.07.2019 - 18:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа