Албанци го каменувале општинското Собрание во Митровица

 

Албанци од јужниот дел на Косовска Митровица синоќа во северниот дел од градот го каменувале обезбедувањето и поранешната зграда на општинското Собрание, соопшти српската владина Канцеларија за Косово и Метохија.

Танјуг, јави дека напаѓачите по инцидентот побегнале во јужниот дел на Митровица. Во нападот нема повредени, а врз зградата е причинета помала материјална штета.

- Во последните недели нападите врз Срби и нивните имоти станаа речиси секојдневна појава. И овој инцидент, како и сите претходни, претставуваат груб притисок врз српскиот народ на Косово и Метохија, со цел да се откаже од учество на престојните локални избори и на тој начин да дозволи некој друг да одлучува за нивната и судбината на нивните деца, се наведува во соопштението.

Инцидентот го осудија од Граѓанската иницијатива „Српска“ која ја повика „меѓународната заедница и сите надлежни да обезбедат мир, безбедност и соживот на сите граѓани на Косово и Метохија“.

 

09.10.2013 - 09:28

најчитано сега