Пендаровски во Саса: Вакви примери ни требаат што повеќе

 

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса. Претседателот го честиташе Денот на рударите и Денот на општина Македонска Kаменица, а на православните христијани им го честиташе празникот Успение на пресвета Богородица.

 Денеска, изјави, сме во една од најуспешните компании, која е специфична по многу нешта, компанијата е еден од најголемите двигатели на економскиот развој во овој регион, но во исто време ги запазува и највисоките еколошки стандарди  и води исклучително сметка и за своите вработени.

 - „Рудникот Саса е компанија која прва во својата област ги доби сите сертификати за заштита на вработените и за заштита на човековата околина. Во ова време кога сите трчаат по профит, сите треба да го следат нивниот пример. Драго ми е што во Република Северна Македонија има компанија која работи по највисоките светски стандарди и која се грижи  за заштита на човековата средина,  за вработените и за локалната заедница. Вакви примери ни требаат што повеќе. Да им оддадеме признание и апелирам да бидат пример и за другите“, изјави претседателот Стево Пендаровски при денешната посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.08.2019 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега