Бугарија ја затвора границата со Македонија за превоз на гориво од отпад
Бугарија од понеделник ја затвора границата со Македонија за превоз на цврсто гориво добиено од отпад, најави бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров.
„Во Северна Македонија во Парламентот е донесен закон за забрана на увоз на отпад кој може да се согорува и користи како гориво. Бугарија исто така ја затвора границата со нашиот западен сосед за внесување цврсто гориво од отпад“, ја пренесува бугарската ТВ Европа изјавата на Димитров.
Според него, од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Македонија кон Бугарија нема да се пренесува таков отпад. Димитров најави дека дополнително ќе се занимава со прашањето за рециклирање на отпадот, бидејќи во моментов бил концентриран на отпадот за гориво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа